ЕУРОСТАНДАРД БАНКА Е КРИМИНАЛ НА ДЕЦЕНИЈАТА: Фирми земале кредити од еден и пол милион евра иако имале само еден вработен!!!

Дали јавниот обвинител го прашал Мустафа Деари од фирмата Багкоп кога ќе го врати долгот од 1.250.000 евра кон Еуростандард банка преку работата од само еден вработен?

До тој степен било криминално раководството во Еуростандард банка да немало граници во делење на ненаплатливите кредити на одбрани фирми. Раководството делело наши лични пари без критериуми и кочници, а Народна банка молчела и одобрувала. Како инаку да се објасни криминалното портфолио на правни лица со ненаплатливи кредити од 73 отсто, кое е повеќе од 18 пати поголемо од просекот на сите банки во земјава којшто изнесува околу 4 отсто, согласно тврдењето на официјални лица од Народна банка. И во најоптимистичните сценарија, јасно е дека Народна банка го дозволила и со тоа учествувала во грабежот на нашите депозити и воедно направила се спротивно од тоа што и е законска обврска да ги заштити нашите лични парични средства доверени во лиценцирана и контролирана банка.

Прашуваме, како тоа Мустафа Деари, сопственик и управител на фирмата за градежништво, трговија и услуги БАГКОП Мустафа ДООЕЛ Експорт-Импорт, има долг кон банката од 1.250.000 евра и нема платено ниту една рата цели 438 дена пред нејзино затворање или од мај 2019 година. И никој во Еуростандард банка не ги побарал и не преземал ништо да овие наши доделени лични парични средства се вратат од каде се земени.

Фирмата Багкоп е основана во мај 1991 година, со непаричен влог од 3.180 евра. Седиштето на фирмата е во село Мала Речица, Тетовско. Како главна дејност, фирмата се занима со изградба на патишта и автопати и има само еден вработен.

Според билансите на фирмата, таа била и е презадолжена. Во изминатите 5 години обврските на фирмата во однос на вкупната актива се движеле од 97 до 99 отсто. Во последните неколку години, долговите на фирмата биле од 1.300.000 до 1.500.000 евра, додека акумулираниот капитал на фирмата изнесувал од 30.000 до 36.000 евра, што значи таа имала висока презадолженост од 36 до 49 пати. Фирмата има екстремно висок ризик, најлоша кредитна оценка и висока кредитна изложеност од работењето. Како високоризична фирма не можел ниту смеел да и се додели кредитен лимит. Согласно перформансите, фирмата е неликвидна и не може да ги сервисира тековните обврски со тековните средства.

Прашуваме, како тоа фирмата на Мустафа Деари има долг од 1.250.000 евра, врз основа на хипотека од станбен простор и залог на опрема со проценета вредност од 568.000 евра или помалку од половина од вредноста на долгот, а да фирмата имала и има најлоша бонитетна оценка, односно не била способна да ги сервиса достасаните обврски во предвидениот рок? Дали назначениот јавен обвинител за гонење на организиран криминал и корупција во случајот со Еуростадард банка го прашал Мустафа Деари како го земал кредитот од банката и не исплаќал рати подолг период? Дали Мустафа Деари кажал каде завршиле нашите пари и кој се учествувал во нивната поделба? Дали тој ќе ги врати нашите „позајмени“ пари?

Ова е само еден од многуте случаи во ограбената банка каде јасно се гледа сторениот организиран криминал и корупција. Раководството на банката го одобрило ненаплатливиот кредит без никаква кредитна анализа ниту почитување на најосновните критериуми за кредитирање, додека првиот тим од Народна банка и гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска недвосмислено учествувале во овој масовен грабеж со нивното толерирање и одобрување да истиот се случува со години, преку којшто се излеале речиси 60 милиони евра наши лични парични средства во туѓи џебови. Несомнено, преку учеството на Народна банка во овој организиран криминал и корупција, ние сме ограбени со поддршка на оваа високо поставена државна институција.

Криминалот има име и презиме. Во овој случај тоа е Мустафа Деари, сопственик и управител на фирмата Багкоп. Такви случаи како овој човек и неговата фирма има во вкупно 149 фирми, а можеби и повеќе, кои земале сомнителни и спорни кредити во стотици илјади или милиони евра и не ги отплаќале со години. За некои веќе објавивме и ќе ги потсетуваме, а за сите останати случаи следат јавни објави и нивно процесуирање во судски постапки.

Link with us
Game bài đổi thưởng