Евакуирани пациенти и вработени на Клиниката за радиологија, избувнал пожар

Пожар избувнал попладнево на Институтот за радиологија на Клиничкиот центар во Скопје.

Од противпожаната слуќба за МИА информираат дека дојавата за пожарот е примена во 13.55 минути и дека против-пожарната екипа се уште е на терен.

Оттаму додаваат дека на интервенција се пратени осум противпожарни возила со околу 15-тина пожарникари

-Пожарот не бил во просторија каде има пациенти и за среќа нема повредени. Целиот објект е навреме евакуиран, појаснуваат од Министерството за задравство за Фокус.

Link with us
Game bài đổi thưởng