ЕВЕ КАКО ВМРО ЈА ПЉАЧКАЛО ДРЖАВАТА: Чинговски сведочеше дека како поштар доставувал пакети за ВМРО-ДПМНЕ, се сомнева дека во некои имало и пари

Бившиот директор на ЕЛЕМ кажа дека бил дел од ИК на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2005 до 2010 година, кога имал задолженија да биде врската на неколку општински комитети со централата, а сведочеше дека се случувало да добива пакети во неговата канцеларија во ЕЛЕМ кои биле наменети за тогашниот генерален секретар на партијата и на Владата, Кирил Божиновски

Поранешниот член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и бивш генерален директор на ЕЛЕМ, Влатко Чинговски, денеска во Основниот кривичен суд во Скопје се појави како сведок на обвинителството во случајот „Плацови на Водно“, за да сведочи за финансирањето на партијата од чии донации, според обвинителството, експремиерот Никола Груевски купувал атрактивно земјиште.

Тој кажа дека бил дел од ИК на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2005 до 2010 година, кога имал задолженија да биде врската на неколку општински комитети со централата, а сведочеше дека се случувало да добива пакети во неговата канцеларија во ЕЛЕМ кои биле наменети за тогашниот генерален секретар на партијата и на Владата, Кирил Божиновски.

Пакетите, рече тој, биле документација, но никогаш не ги отворал туку му ги доставувал на Божиновски, а во еден момент се посомневал дека можеби има и пари.

„Со оглед дека господинот Божиновски беше постојано во Владата и на некакви состаноци или имаше активности, нашите средби траеја многу кратко. Ќе ги доставев документите, ќе прашаше како е, што е и ќе заминеше на друга активност. Она што мене ми стана сомнително беше еден разговор по телефон кога ми напомена дека содржината на документите што сум ги предал не соодветствува на она што тој го очекувал. Притоа, спомена некакви бројки, цифри, што ме зачуди и ме наведе на тоа дека покрај документацијата има и нешто друго што асоцира на финансиски средства. Бев крајно разочаран од таа постапка, бидејќи дотогаш постојано сум доставувал документи и немало проблем и не сум очекувал во дел од нив да има и финансиски средства. За таа цел во прва наредна можност се обидов да разговарам со Кирил Божиновски и да напоменам дека тоа е неприфатливо и не сакам да се случува во иднина”,

сведочеше Чинговски кој раскажа дека по ова краток период немало јавувања и негодувања од Божиновски.
Потоа, сепак, истото се случило уште еднаш или двапати, по што Чинговски решил да разговара и со Груевски.

На прашањето на обвинителката што му одговорил Груевски, тој кажа дека мисли оти првично се зачудил дека се случува такво нешто, но му напоменал дека покрај тоа што се стручни лица, кои треба да се грижат за институциите што ги водат, имаат и партиски задолженија што треба да ги реализираат.

„Притоа воопшто не спомна нешто околу финансирањето, само кажа дека ние мора да се грижиме, не само за компаниите и институциите што ги водиме, туку и за партијата”,

рече Чинговски.
За пакетите тој рече дека конкретно со Божиновски не разговарале за имињата на лицата што ги носеле, туку му било посочено дека тоа се пријатели на партијата кои сакаат да помогнат.

На Божиновски тој му кажал и дека не сака да биде поштар што ќе носи вакви пакети.

„Напоменав дека ова е демократска држава и ако некој сака да донира може да го направи директно, нема потреба да се користи поштар, во овој случај јас, бидејќи не сакам”,

рече Чинговски.
На прашањето дали некои од лицата што ги имаат оставено пакетите кај него во канцеларија добивале тендери во ЕЛЕМ, тој одговори:

„Не знам, не ги познавам. Можно е да имаат добиено, бидејќи зошто тогаш би ги оставале кај мене ако не соработувале со компанијата?“,

рече Чинговски.
И овој сведок, како и Јанкулоска, зборуваше и за сефови што ги имало во канцеларијата на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, при што за еден рече дека во една или две пригоди видел дека е подотворен.

„Со оглед дека беше на поголемо растојание од таму каде што јас седев, не можеше добро да се забележи. Едноставно можеше да се види дека има документи и нешто што наликуваше на финансиски средства, како што се во банка, во пачки”,

сведочеше Чинговски.
„Плацови на Водно“: Јанкулоска сведочеше како донатори давале пари за ВМРО-ДПМНЕ

Во „Плацови на Водно“ Груевски е првообвинет и му се суди во отсуство. Според обвинението, во периодот од јуни 2006 до октомври 2012 година, Груевски како лидер на партија наместо да прикаже пари како примени донации во ВМРО-ДПМНЕ, за себе прибавил 1,3 милиони евра (79 972 140 денари), а потоа ги пуштал во оптек и купувал парцели на Водно. Станува збор за земјиште на кое имало шума, а кое со промените во Генералниот урбанистички план (ГУП) било пренаменето во градежно. Покрај имотот на Водно, обвинението опфаќа и два стана во главниот град и две парцели во Крушево за кои обвинителството тврди дека се прикривал вистинскиот сопственик односно Груевски.

Покрај Груевски, обвинети се бизнисменот Орце Камчев, неговата мајка Ратка Куновска-Камчева, Сашо Мијалков, Ристо Новачевски и Ненад Јосифовиќ.

Link with us
Game bài đổi thưởng
    Con gà gáy le té le te sáng đi xem phim sexmove con gà ơi :D Trình anh không thiếu bbw young sex video, anh thiếu con gà a đập anh vui