ЕВЕ КОЛКУ ПАРИ СЕ ВРТАТ ВО ГРАДЕЖНИШТВОТО, ЗАТОА НЕ ТРЕБА МОРАТОРИУМИ И СУСПЕНЗИЈА НА ДУПОВИ: Продаден недвижен имот вреден 693 милиони евра во 2020 година

Вкупно 25.232 трансакции се евидентирани во базата на регистарот на цени и закупнини на недвижности во периодот јануари-декември 2020 година, од кои 18.755 се однесуваат на продажби на недвижности, а 6.477 на закупи на недвижен имот, покажуваат податоците од годишниот извештај за работењето на Агенцијата за катастар на недвижности.

Податоците на Катастарот откриваат дека во минатата година е продаден недвижен имот со вкупна вредност од 693 милиони евра. Најголемиот дел од трансакциите се однесуваат на директна купопродажба на недвижности со вкупна вредност од 502 милиони евра, а на лицитација се продадени недвижности во вредност од 89 милиони евра.

Во однос на претходната година, лани има намалување на бројот на регистрирани продажби и закупи на недвижности.

Вредноста на вкупниот број закупи на недвижности во 2020 година изнесува 2,4 милиони евра. Најголем дел од нив се закупи на деловен простор.

Link with us
Game bài đổi thưởng