ЕВЕ ЗАШТО ЗАЕВ СИ ЗАМИНУВА, ЗГАДЕНО МУ Е ОД ОВАА НЕСЕРИОЗНОСТ – БЕСА ЈА НАПУШТА ВЛАДАТА ЗАТОА ШТО ЌЕ ИМАЛО ПРЕГЛАСУВАЊЕ ВО ЖЕЛИНО?!?!

По денешната одлука на Државната изборна комисија да има прегласување во Желино, каде во вториот круг со тесен резултат победи кандидатот за градоначалник на БЕСА, оваа партија утре на централно претседателство ќе заседава дали да ја напушти владејачката коалиција.

Оваа информација за Фокус ја потврди партискиот генерален секретар и министер за земјоделство Аријанит Хоџа, кој претходно го напиша следниот фејсбук-статус: „Желино, кадешто се роди една партија (како Движењето БЕСА), може да биде и Желино кое растура една Влада“.

Всушност, ваквата порака Хоџа ја упати во време додека ДИК одлучуваше во однос на приговори поднесени од ДУИ за гласањето во Желино, каде кандидатот за градоначалник на БЕСА освои 5.171 гласа, а неговиот противкандидат од ДУИ освои 5.102 гласа, што претставува разлика од само 69 гласа.

Но, ДУИ поднесе два приговори за гласањето во оваа тетовска општина, бидејќи, според оваа партија, отпечатоците од прст не се совпаѓале со бројот на гласачите, а граѓанин гласал со неважечка лична карта. Притоа, Комисијата одлучи еден приговор да прифати, што е доволно за прегласување во Желино.

Сепак, треба да се посочи дека БЕСА има право на жалба до Управниот суд. Дали партијата ќе го чека исходот од управната судска постапка или пак веднаш ќе преземе чекори кон евентуално напуштање на парламентарното мнозинство, што би значело пад на владата, како што велат од таму, ќе биде познато по утрешната седница на партискиот врв.

Инаку, оваа партија на ланските парламентарни избори настапи во предизборна коалиција со СДСМ и освои 4 пратеници, кои можат да ја урнат владата со оглед дека таа се одржува на парламентарно мнозинство од 62 пратеници.

sunwin tài xỉu

sunwin tài xỉu

tải sunwin

sun win

tải sunwin