ЕВЕ ЗОШТО ФИЛИПЧЕ НАЈАВУВА НОВИ ПОРАДИКАЛНИ МЕРКИ: ДЕНЕСКА СЕ ВАКЦИНИРАЛЕ САМО 2000 ГРАЃАНИ ИАКО ВО ЗЕМЈАВА ИМА ОКОЛУ 1 МИЛИОН НЕВАКЦИНИРАНИ!

Почитувани,

Вакцинацијата се одвива непречено на сите пунктови низ државата, а во тек е и теренска вакцинација. На вакциналните пунктови во државата и на терен, заклучно со вчера вакцинирани се вкупно 781.623 граѓани. Прва доза вакцина вчера примиле 1.717 граѓани, а вчера вкупно се вакцинирале 6.897 граѓани. Во државата вкупно се аплицирани 1.495.762 дози вакцини, а ревакцинирани се 714.135 граѓани.

Со последните бројки 55% од населението над 40 години имаат примено барем една доза вакцина и 31% од населението над 18-39 години е вакцинирано со барем една доза вакцина.

Граѓаните без закажан термин се вакцинираат, во постоечките вакцинални пунктовите низ државата. Децата од 12 до 18 годишна возраст се вакцинираат со согласност од родител.

Вакцините се безбедни и ефикасни и се единствениот начин да се победи пандемијата. Само со комплетна вакцинација се спречува тешка форма на болеста се намалува шансата од заболување како и смртен исход од истата.

Со почит,

Одделение за односи со јавност

Министерство за здравство

sunwin.apk mới nhất sunwin.apk mới nhất sunwin tài xỉu

sun win

sunwin

sunwin tài xỉu sunwin apk game sunwin

sun win