ЕВЕ ЗОШТО К-15 ВЕЌЕ НЕ ПРАВАТ СКЕЧЕВИ – Бизнисмените Димитров и Главчев се жалат на Уставен дека се дискриминирани бидејќи се богати

Бизнисмените Ратко Димитров, Томе Главчев и Зоранчо Митревски, обвинети во случајот „Поштенска банка“ на СЈО, поднеле барање до Уставениот суд со кое го оспоруваат обвинението за случајот и решението на Кривичниот суд со кое обвинителниот акт доби позитивна оценка, по што стартуваше судскиот процес.

Според бизнисмените, случајот „Поштенска банка“ бил отворен од тогашното специјално обвинителство заради вршење на притисок на успешни бизнисмени. Но, како што појаснуваат, тие не биле заштитени ниту од Кривичниот суд, бидејќи и од таму одобриле да се поведе кривична постапка и тоа само затоа што биле успешни и богати. За нив и оваа дикриминација е подеднаква како дискриминацијата заради пол, политичка, верска или национална припадност.

Во поднесеното барање, е наведено и дека бизнисменот Главчев бил дискриминиран по основ на социјален статус. Се појаснува дека истрагата му била отворена од специјалната обвинителка Катица Јанева со која иако бил во многу лоши односи, не била изземена. Откако пак била притворена, истрагата ја продолжил обвинителот Бурим Рустеми, кој го нарекуваат близок соработник на Јанева. Се наведува дека и Главчев и Митровски биле сведоци во случајот „Рекет“.

Од Уставниот суд информираат дека бизнисмените барањето го поднеле преку адвокат Петро Јанура од Скопје.

-Според подносителите тие се во спротивност со членот 110 алинеја 3 од Уставот поради повреда на правото на забрана од дискриминација по основ на социјална припадност, односно имотната и општествената положба, во поглед на личен статус и во поглед на статус на сведок во судска постапка, како и по основ на политичка припадност, односно политичко уверување. Подносителите на ова барање наведуваат дека се успешни стопанственици, а поднесувањето на обвинителниот акт против нив е сублимат на дискриминаторски дејствија по различни основи, велат од Уставниот суд.

Во случајот „Поштенска банка“ обвинети се поранешниот градоначалник на Кочани, Ратко Димитров, бизнисменот Томе Главчев, како и Коле Смилевски, Викица Поповски, Гкеоргки Каратолис, Зоранчо Митревски, Влатко Димитровски, Зоран Шуклев и Венци Шуклев.

На деветминината обвинети им се суди за кривичните дела „Злoупотреба на службена положба и овластување“, како и „Перење пари и други приноси од казниво дело“.

Кога СЈО уште во 2018 година го презентираше овој случај, соопшти дека станува збор за финансиска истрага која опфаќа повеќе поврзани настани со кои се сторило кривичното дело перење пари и во периодот од 2001 до 2010 година и била прибавена имотна корист од околу 5 милиони евра. Меѓутоа, по проширувањето на истрагата во 2019 година, неофицијалните проценки се дека се испрани 9 милиони евра.

Овој предмет беше дел и од доказната постапка за случајот “Рекет”, бидејќи како за “Империја”, така и за “Поштенска банка” обвинителка Катица Јанева наводно барала од надлежните обвинители да ги затворат случаите со спогодба, односно осомничените да платат штета и да избегнат затворски казни. Ова впрочем во судница го сведочеше предметниот обвинител Бурим Рустеми.

tải sunwin

sun win

sun win

sunwin apk sunwin web sunwin club

tải sunwin