ЕВЕ ЗОШТО НЕ ВРТИ БРОЈЧАНИКОТ НА ЗАЕВ: Криминалците осудени, имотот им останува, најголем проблем кај судовите конфискацијата на имотот

Судските процеси завршуваат, но не го вртат бројчаникот над Tриумфалната капија кој требаше да бележи вратени пари од криминал. Истражувањето на коалицијата „Сите за правично судење“ со поразителни факти. Во секој петти судски предмет била барана мерка за конфискација на имот, а во само 5 отсто од сите случаи бил наплатен нелегално стекнат имот. Од 500 до 250 илајди евра, но ги нема милионите за кои се обвинети поединци или групи. Судиите не смеаат да бараат, обвинителите збунети од нејаснотии во законот, криминалците си го задржуваат имотот и парите, констатираат од Коалицијата.

За да бараш конфискација треба да знеш каде се нелеглано стекнатите пари и имот. Обвинитлествата немаат пари, а обивнителите се без алатки за истрага, вели поранешната обвинителка од СЈО Ленче Ристовска.

Опции постојат, но не се користат. Додека се чекаат измени во Кривичниот закон потребно е да се користи механизмот на проширената конфискација, посочувааат експертите.

Правосилноста на предметот на СЈО „Труст“ го смести бизнисменот Сеад Кочан во затвор, но неговиот имот се користи секојдневно. Агнецијата за конфискуван имот не може да си ги наплати 17 милиони евра во камиони, автомобили и недвижен имот и по две години од пресудата. Токму ваквата неуспешна конфискација ја поттикнува недовербата во судството и создава впечаток на недопирливост на криминалот, сѐ само дел од заклучоците во истражувањето.

ИЗВОР: ТЕЛМА

Link with us
Game bài đổi thưởng