ЕВЕ ЗОШТО ПЛАЧАТ ПО ТИТОВО ВРЕМЕ, ОСВЕН ШТО ТОГАШ БИЛЕ МЛАДИ СЕКАКО: Кога работникот беше господин…

Не биле ретки приказните за луѓето кои од работници стигнувале до директори на работни организации.

Вработените добивале бонови за топол оброк, па се хранеле во ресторани или на киосци. Во СФРЈ се сметало нормално да на вработените им биде платен топол оброк.

Работното време било од 7 до 15 часот со пауза која обично се поминувала во рестораните. Саботите и неделите биле неработни освен за оние работни организации кај кои природата на работата наложувала да се работи и за викенд.

А за годишните одмори, тука воглавно биле работничките одморалишта во кои се одело во организација на синдикатите. Можело да се плаќа на рати, па семеен одмор била нормална работа и ретки биле оние кои не ги посетувале таканаречените работнички одморалишта.

Платите воглавно биле исплатувани во кеш во самата компанија. Парите биле приложени во специјален коверт на кој биле наведени основните податоци за пресметката на плата. Без поголеми проблеми можеле да се користат неплатени отсуства, боледувања, а систематските лекарски прегледи биле задолжителни и спроведувани во сите претпријатија.

Кога би имало смртен случај, работникот имал право на бесплатен погреб. Доколку смртта го стигнела за време на работниот век, а не во пензија, во истата работна организација веднаш се вработувал некој од членовите на најблиското негово семејство.

Link with us
  • go88
  • danh bai sun win sunwin trên web sunwin
  • thiên đường cờ bạc online go88 tải go88 game go88 trí tuệ siêu phàm
Game bài đổi thưởng