Комерцијална банка ја добива оваа награда од ЕБОР по 18-ти пат и во континуитет со години како најактивна банка во областа на меѓународните инструменти за финансирање на меѓународната трговија во земјава.
Тимот за документарно работење на Комерцијална банка се потврдува како експерт во меѓународни рамки, промовирајќи го и понатаму реномето на Банката со својот висок степен на специфично стручно знаење и професионално искуство.