ФАКУЛТЕТОТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ЌЕ МУ ПОМОГНЕ НА РЕПУБЛИЧКИОТ СОВЕТ ЗА БЕЗБЕДНОСТ ВО СООБРАЌАЈОТ ДА СЕ НАМАЛИ СМРТНОСТА НА ПАТИШТАТА

На 15 февруари 2022 година на Факултетот за безбедност се одржа состанок помеѓу деканот проф. д-р Никола Дујовски и продеканот за настава проф. д-р Јонче Ивановски со Претседателката на РСБСП м-р Гордана Кожуваровска, Секретарот на РСБСП г-н Владимир Лазаров и со претставниците на МВР г-н Шефик Бајрами, помошник на директорот во Одделот за униформирана полиција, г-н Дејан Трајковски, Началник на Секторот за сообраќајни работи и г-н Сефедин Синанов, виш полициски советник.
Состанокот беше во функција на планирање и организирање на заеднички активности во насока на подобрување на безбедноста во сообраќајот, посебно на најранливата категорија – пешаците.

Беа договорени повеќе активности со кои ќе се поттикнува свесноста за ризиците во сообраќајот, а ќе се дадат и корисни препораки за конкретни чекори кај надлежните државни органи.
Месеците април и мај ќе бидат искористени да се спроведат неколку различни кампањи кои ќе имаат за цел да ја подигнат јавната свест и одговорноста кај секој учесник во сообраќајот.

За подобрување на безбедноста во сообраќајот, за заштита на животот и имотот на граѓаните, за почитување на правилата и прописите во сообраќајот, потребен е интегриран пристап во кој ќе се вклучат повеќе институции (од извршната власт, образовните и советодавните институции, локалната заедница, професионалните здруженија итн) за заеднички да придонесеме кон остварување на еден од приоритетите на секое модерно општество – безбеден и уреден сообраќај.

Факултетот за безбедност како високообразовна институција посветува значително внимание на безбедноста во сообраќајот и ќе ги стави на располагање своите капацитети, знаење и искуство за да ги поддржи напорите на МВР и РСБСП во промоција на сообраќајната култура, етичките вредности кај сите учесници во сообраќајот и кон свесноста дека секој може да придонесе за безбедноста во сообраќајот. Наставниците и студентите од Факултетот, активно ќе се вклучат во планираните активности и со личен пример ќе ги поттикнуваат и останатите учесници во сообраќајот да ги почитуваат правилата и прописите и да се грижат за безбедноста на секој поединец.

tải sunwin

sunwin club game bài sunwin sunwin club

sun win

sun win

sunwin.apk mới nhất