ФАЛА БОГУ: 1.300 РАМКОВНИ АДМИНИСТРАТИВЦИ ВО НАЈКУС МОЖЕН РОК ЌЕ БИДАТ РАСПОРЕДЕНИ ВО ДРЖАВНИТЕ ИНСТИТУЦИИ, НАЈАВИ ВИЦЕПРЕМИЕРОТ АРТАН ГРУБИ

Вицепремиерот и министер за политички систем Артан Груби најави дека во соработка со Јетон Шаќири, министерот за информатичко општество и администрација, во најкус можен рок ќе обезбедат распоредување на сите вработени во согласност со Охридскиот рамковен договор во државните институции. Станува збор за 1.300 вработени во неговото министерство, претходно секретаријат за политички систем, кои земаат плата, а не одат на работа.

„Приоритет ќе ни биде систематизацијата на 1.300 вработени во ова министерство на кои треба да им најдеме место во државните институции низ целата држава. Ќе ги признаеме факултетските дипломи на сите административци и ќе ги мотивираме да се надградат себе си и својата иднина да ја гледаат да ја градат во нашата земја“, кажа Груби на денешната прес-конференција во Владата.

Прашан дали кандидатот на ДУИ за премиер Насер Зибери ќе биде вработен во неговото министерство, Груби одговори дека советите на Зибери, како добар познавач на администрацијата, но и на законите на оваа држава, се добредојдени во министерството, но тој нема да биде вработен во министерството.

Груби најави средба со професорот Борче Давитковски, како и со други професори, со цел да се направи екипа на професори кои ќе помогнат во функционирањето и структурирањето на министерството за да може тоа ја земе својата вистинска улога.

sunwin tài xỉu game sunwin tải sunwin apk

sun win

sunwin apk

sunwin club sunwin sunwin web

tải sunwin