ФАЛА ТИ ЗАЕВ!!!

Пишува: Саше Ивановски Политико

Во моментов најголем скандал во земјава е што Заев ја згрешил буквата м на јавен настап… Им личела на многумина на буквата ш на кирилица… Страшно!

Не што наредил кревање со динамит на објект на опозиционер, не што избегал од новинарски прашања, не што наредил апсење на опозициски лидер со полициско – судска местенка, не што наредил нелегално прислушкување, не што отишол на одмор на рајски острови скришно без да знае јавноста, не што купил лимузина од пола милион евра скришно од јавноста, не што украл пари од касата на СДСМ и си купил плац на Водно, не што негов бодигард утепал младо момче среде бел ден па пробале да го прикријат убиството, не што негов министер лумпувал пијан по град па пробале да го прикријат, не затоа што дал наредба да се упадне и да се затвори опозициска телевизија која е најгледана и е закана за опстанокот на власта, не затоа што наредил да се дадат десетици милиони евра народни пари за државна пропаганда, што дал наредба да се претепа некој новинар пред неговиот дом или да се пикне во затвор некој новинар, што не наредил на клоци да се исфрлат од собрание новинарите и опозициските пратеници…

ФАЛА ФАЛА ЗАЕВ ЗА ОВОЈ ДУШЕВЕН МИР ШТО НИ ГО ДАВАШ! ПРОДОЛЖИ ДА ПРАВИШ ВАКВИ СКАНДАЛОЗНИ СКАНДАЛИ КАКО ПОГРЕШЕНА БУКВА, КОЈА ТИ БИЛА ПРВА ЖЕНСКА И СЛИЧНИ ТЕМИ ОД КОИ СЕ ТРЕСЕ ЗЕМЈАВА…

Link with us
Game bài đổi thưởng