Еден од најдобрите тенисери на сите времиња Роџер Федерер утре на Лејвер купот ќе го одигра последниот натпревар во својата блескава кариера и тоа во двојки со својот голем ривал Рафаел Надал, соопштија денеска организаторите во Лондон.
Федерер и Надал ќе настапат заедно против американските тенисери Џек Сок и Франческо Тиафо со што Швајцарецот ќе стави крај на својата професионална кариера на 41-годишна возраст.
Освојувачот на 20 грен – слем титули го замоли селекторот на тимот на Европа, Бјорн Борг, да го пријави за настап само во двојки во дуелот против остатокот на светот.
Во тимот на Европа, покрај Федерер и Надал, се и Новак Ѓоковиќ, Стефан Циципас, Енди Мареј и Каспер Руд, додека Матео Беретини има статус на резерва.
Федерер во својата кариера заработи 1 милијарда долари, и тоа 300 од турнири и 700 од спонзори. Досега тоа им успеало само на шестмина и тоа се Мајкл Џордан, Кристијано Роналдо, Леброн Џејмс, Тајгер Вудс, Флојд Мејведер, Лионел Меси.