ФИЛИПЧЕ: Инвестираме таму каде што е најпотребно, инвестираме во луѓето, се зголемија платите на лекарите и медицинските сестриДадени се над 5000 согласности за вработувања во сите здравствени установи изминативе повеќе од три години

Инвестираме таму каде што е најпотребно, инвестираме во луѓето.

➡ Се зголемија платите на лекарите и медицинските сестри.
➡ Дадени се над 5000 согласности за вработувања во сите здравствени установи измнинативе повеќе од три години.
➡ Не оставивме ниту еден млад лекар да замине до земјава – понудивме платен стаж. Ги решавме сите други проблеми на младите приватни специјализанти да имаат платени дежурства и решено здравствено осигурување.
➡ Го решивме повеќе годишниот проблем со едукацијата образованието на медицинските сестри.

Ги решаваме напластените со години наназад проблеми и така ќе продолжиме кон патот на осовременување на нашата држава за младите да ја гледаат својата иднина тука. ВМРО ДПМНЕ не обвинува за предавство, ќе им порачам овде од Охрид од градот на Свети Климент, патриотизам е силно здравство, силно правосудство, силно образование, силна економија!

Link with us
Game bài đổi thưởng