ФИЛИПЧЕ НА ДЕНОТ НА МЕДИЦИНСКИТЕ СЕСТРИ: ДОСЕГА ТРИ ПАТИ ГИ ЗГОЛЕМИВМЕ ПЛАТИТЕ НА МЕДИЦИНСКИОТ КАДАР!

По повод меѓународниот ден на медицинските сестри, денеска се сретнав со медицинските сестри вработени во КИБФС со желба лично да ја изразам благодарноста за нивниот придонес од почетокот на Ковид 19 пандемијата. Пожртвуваноста и посветеноста во работата која ја извршуваат медицинските сестри е од особена важност за нашите граѓани, а нивниот труд е ценет како никогаш досега. Зголемувањето на платите на медицинските сестри беше неколкукратно, започнувајќи од 2018 година па се до денес.
✅Во мај 2018 реализирано е зголемување на износот на додатокот за работа ноќе од 29% на 50%.
✅Во февруари 2019 година реализирано е зголемување од 5% на платите и зголемување од 8% за средно медицинскиот кадар со високо, вишо и средно медицинско образование.
✅Во јануари 2020 година реализирано е зголемување од 10% за кадарот со високо, вишо и средно медицинско образование.

Link with us
Game bài đổi thưởng