(ВИДЕО) Филипче: На граѓаните им требa нов клинички, ВМРО ДПМНЕ ja злоупотребува политичката позиција и е некоректна

-На денешниот состанок со дел од претходните министри за здравство разговаравме и ги споделивме заедничките искуства и перспективи во однос на проектот за новиот Клинички Центар.

Заедничкиот став е дека многу долго се одолговлекува ова прашање, повеќе од 20 години, а граѓаните заслужуваат конечно да се пресече и да се отпочне процесот на градење на нов Клинички Центар. Новиот Клинички Центар ќе понуди интегриран тип на здравствена услуга сличен на тие што ги имаат развиените земји во светот и ќе обезбеди суштинска промена во здравствениот систем во нашата земја. Однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ по ова прашање е навистина некоректно и е злоупотреба на политичката позиција. Тие немаат право да им ја скратат оваа можност на граѓаните – напиша на фејсбук министерот за здравство Венко Филипче.

sunwin đổi thưởng sun win

sunwingo88 go88 go88net

tải go88