ФИЛИПЧЕ НА МЕЃУНАРОДЕН ЛЕКАРСКИ СИМПОЗИУМ: Здравствените работници со својата посветена и пожртвувана работа, докажаа дека здравствениот систем е столб на државата

Ми беше чест што денеска бев дел од 28-от ЗЕВА Симпозиум, меѓународен собир на кој учествуваа највисоките претставници на лекарските комори и здруженија од 17 земји од Централна и Источна Европа. Здравствените работници со својата посветена и пожртвувана работа, докажаа дека здравствениот систем е столб на државата. Ваквите симпозиуми имаат важна улога во насока на олеснување на комуникацијата и размената на искуства и идеи помеѓу сите Комори од овој регионот на Централна и Источна Европа.

Симпозиумот останува платформа за дискусија на различни теми за коморското работење и обезбедува силен регионален глас на медицинската заедница. Ваквите размени на искуства, се можност за промоција на заедничките интереси на лекарските комори и здруженија, вклучувајќи ги и оние комори од земји кои се уште не се членки на Европската Унија.