(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: На утрешната владина седница ќе предложиме уште еден пакет мерки кој може да го намали бројот на новозаразени од ковид-19

➡️ Сите економски оператори да работат до 23 часот;
➡️ Ограничување на капацитетот во јавниот превоз до 50 проценти;
➡️ Препорака до целата државна и јавна администрација, препорака до општините и судовите, согласно механизмот на работа, работниот процес да се одвива во смени или онлајн од дома, или пак редуцирано со систем на ротации и секоја од институциите согласно карактеристиките на работниот процес.

Сето ова со пакетот на мерки кој утре ќе се дискутира во Собранието. Законот за заштита на населението од заразни болести е веќе даден по скратена постапка. Во него се веќе вметнати предлозите за задолжително носење маски на отворено, ограничување на групирањето по 22 часот надвор и ограничувањето на семејните собири.

Прес Филипче

Posted by MИА.mk on Понеделник, 19 октомври 2020