ФИЛИПЧЕ: Нашите здравствени работници се целосно заштитени со опрема и средства за дезинфекција

Нашите здравствени работници се целосно заштитени со опрема и средства за дезинфекција. Го даваме својот максимум за нивна грижа на работното место.

Денешниот Светски ден посветен на безбедноста на пациентите, годинава СЗО акцентот го става и на безбедноста на здравствените работници, под мотото „Безбедни здравствени работници, безбедни пациенти“.

Горд сум на моите колеги кои особено во пандемијата со ковид-19 ја докажаа нивната стручност, хуманост и пожртвуваност за пациентите. Продолжуваме да се грижиме за нив, да ги мотивираме и да го унапредуваме нивниот статус.