Филипче: Преземаме активности за приближување на услугата на матичните лекари до пациентите во руралните средини

Министерот за здравство д-р Венко Филипче денеска одржа состанок со претставниците на Лекарската Комора (ЛК), д-р Калина Гривчева Старделова и на Здружението на приватните лекари (ЗПЛРМ), д-р Лилија Чолакова Дервишова како и со координаторите на региони на ЗПЛРМ од градовите низ целата држава.

На средбата се дискутираа повеќе различни прашања со цел подобрување на работата на матичните лекари, зголемување на функционалноста и унапредување на условите за работа на матичните лекари. Целта е да преку размена на информации се придонесе кон реализација на квалитетни решенија.

Во периодот што следува ќе се преземат потребните активности за приближување на услугата на матичните лекари према пациентите во руралните средини со што ќе се обезбеди пристап кон квалитетна здравствената заштита за сите граѓани.

Link with us
Game bài đổi thưởng