Филипче се сретна со делегација од Вермонт, САД донираа 400.000 долари за набавка на опрема за вакцинација и имунизација

Министерот за здравство Венко Филипче денеска се сретна со висока делегација од американската сојузна држава Вермонт, предводена од заменик-гувернерката Моли Греј и командантот на Националната гарда, генерал-мајор Грегори Најт, што престојува во официјална посета на нашата држава. На средбата присуствуваше и американската амбасадорка Кејт Мери Брнз.

На состанокот, министерот Филипче со заменик-гувернерката Греј, говореа за иницијатива за започнување соработка со Универзитетот „Вермонт“ во областа на медицината. Министерот, предложи да се обезбеди програма за едукација на нашите студенти од последна година на Медицински факултет на реномираниот Универзитет „Вермонт“ во САД. Во насока на едукацијата, студентите би можеле да следат настава, а воедно и стручни лица од Универзитетот да доаѓаат во нашата држава и да реализираат обука на наши лекари и медицински лица, соопшти Министерството за здравство.

Филипче ја поздрави големата поддршка и заложба на САД што нашата земја ја добива од почетокот на ковид пандемијата. Како што истакна министерот, без таа поддршка невозможно ќе беше да успееме да управуваме со здравствената криза на начин на кој го сторивме тоа.
Во рамки на бројните донации, како поддршка за справување со ковид пандемијата, САД на нашата земја денеска и донираше 400.000 долари за набавка на опрема за вакцинација и имунизација, за справување со кризата предизвикана од Ковид-19.

Link with us
Game bài đổi thưởng