ФИЛИПЧЕ: Со задоволство информирам дека постигнавме договор со приватните специјализанти

Платено здравствено осигурување и платени дежурства ќе добијат приватни специјализанти кои немаат други приходи, освен надоместокот кој го земаат за работење во клиниките на Клиничкиот центар „Мајка Тереза” и другите ЈЗУ каде се обавува специјализацијата.

Денеска остварив средба со нивните претставници и директорите на ФЗО на РСМ и договоривме дека почнувајќи од јуни, а со исплата во јули, приватните специјализанти ќе добијат надомест за здравствено осигурување, откако претходно ќе пополнат изјава во ФЗО на РСМ дека немаат други приходи освен надоместокот кој го добиваат од државата. Дополнително, ќе им се исплаќаат и надоместоци за дежурствата во нето износ од 1800, 2700 и 3600 денари.

Понатаму, приватните специјализанти како учесници во давање здравствени услуги ќе добијат и 5% бонус за борба против ковид 19. Секој месец приватните специјализанти примаат по 29.000 денари надомест, нешто што за прв пат започнавме да го исплаќаме во 2018. Силно вложуваме во медицинскиот кадар и нивниот развој. Тие се столбот на системот а ковид пандемијата покажа колку е важна нивната улога во општеството.

Link with us
Game bài đổi thưởng