Филиповски: Гласот за 12 значи зелена и чиста општина која го штити јавниот интерес

Повисока јавна хигиена по населбите – чистење со цистерни на јавните површини, засадување на 5.000 високоизраснати дрвја по населбите, затворање на Усјанскиот канал, како и изведва на нов парк на површина од 5.000 м2, се дел од проектите за заштита на животната средина во Аеродром, за кој денеска зборуваше Александар Филиповски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром на СДСМ и коалицијата.

Филиповски денеска ја презентираше зелената агенда од програмата – мерки за надоместување на изгубеното зеленило и почисти јавни површини по сите населби.

За граѓаните од Долно и Горно Лисиче, ќе доделиме и субвенции за замена на нееколошките начини на греење, со што ќе се придонесе и за помало аерозагадување. Исто така, ќе субвенционираме замена на старите со енергетско – ефикасни фасади, кажа кандидатот за градоначалник.
Во недела, на 17 – ти октомври со заокружување на бројот 12, гласаме и за планска урбанизација и хуманизација на јавниот простор.

Ветувам рамномерен развој на сите населби, заштита на јавниот интерес, а не на урбаната мафија. Затоа ќе ги интензивираме и инспекциските служби на терен, за проверка на законската одредба за почитување на 20 % зеленило во парцела, а уште поактивна улога ќе има и Партиципативното тело за урбанизам, истакна Филиповски.
Програмата на СДСМ за Аеродром предвидува и изведба на нови 20 километри вело – патеки, како и субвенционирање на велосипеди и електрични тротинети.

Александар Филиповски ги повика сите граѓани да гласаат за зелена, чиста и урбана општина.

game bài sunwin sunwin tài xỉu sunwin club

sunwin

tải sunwin

sunwin web

tải sunwin