ФИНАНСИСКИ ОТЧЕТ ЗА СРАБОТЕНОТО ВО КИСЕЛА ВОДА: Еве зошто Темел води на анкетите во најголемата скопска општина!

Појаснување на овие показатели

Капиталните инвестиции на општина Кисела Вода во периодот под раководство на Филип Темелковски се сериозно поголеми од претходните градоначалници, и тоа во години со економска криза и намалена економска активност поради пандемијата.

Дополнително во претходните периоди во буџетот на капитални инвестиции е опфатена и изградба на споменици и набавка на патнички возила.

За периодот 2018 – 2021 капиталните инвестиции се однесуваат само на инфраструктурни проекти, улици, водоводи, канализации, паркови, итн. од возила набавени се камионети со специјална опрема за чистење на улиците и транспорт на кабаст отпад и смет.

Задолжување до 2017 година и оддолжување од 2018 до 2021 година

Овој приказа покажува како по години е направен долгот од 177 милиони денари или 3 милиони евра кој го затекнав во општината. На оваа сума имаше и други неплатени обврски кои подоцна ги откривме.

Под мое раководство го исплативме најголемиот дел од овие долгови и сега е општината во стабилна финансиска состојба.

Заклучок: со домаќинско работење успеавме да оствариме најголем обем на капитални инвестиции и воедно да ги исплатиме долговите кои беа направени од претходното раководство.

Средствата потрошени за гориво на општина Кисела Вода се значително намалени во споредба со претходните периоди. Воедно цената на горивата значително се зголеми во споредба со тој период. Во исто време општината набави камионети кои секојдневно се користат за чистење на улиците, собирање на смет, кабаст отпад и нивно одвезување на депонијата Дрисла. и повторно трошоците за гориво се многу пониски од претходно.

Капитални инвестиции според квартали (инвестициите се континуирани, во секоја година, не се поврзани со изборите)

Буџетската година се дели во квартали. Од приложеното можете да видите дека во општина Кисела Вода капиталните инвестиции имаат стабилен тренд на капитални инвестици во вториот квартал независно дали се работи за изборна или редовна година.

Сите коментари и забелешки за инвестиции пред избори се неиздржани и уште една манипулација и шпекулација со која се наметнуваат и шират лажни вести.

Најголеми инвестиции во основната (подземна) инвраструктура – ТЕМЕЛИТЕ НА ОПШТИНАТА

Мојата заложба за разрешување на основните инфраструктурни проекти се гледа во најголемите инвестиции во воспоставување на одводните системи.

Изградба на паркови

Трошоците за репрезентација се на минимум

Во делот за непродуктивни трошење и репрезентација вклучуваат и набавки за протоколарни потреби при одбележување на значајни датуми и свечени настани.

Во оваа ставка во мојот мандат нема ресторански услуги.

Инвестиции во улици и патишта е дупло поголема од претходниот период.

Урбана опрема опфаќа поставување на клупи, летниковци, корпи за отпад, детски и спортски игралишта.

sunwin.apk mới nhất sunwin tải sunwin apk

sunwin club sunwin apk tải sunwin

tải sunwin apk sunwin web game sunwin

tải sunwin

sunwin