Финска не сака нуклеарно оружје на своја територија, вели премиерката Марин

Доколку стане членка на НАТО, Финска не сака да распореди нуклеарно оружје или да постави воени бази на својата територија, изјави финската премиерка Сана Марин за денешното издание на Кориере дела сера.

Финска и Шведска побараа и официјално членство во НАТО, појаснувајќи дека за одлуката е заслужен нападот на Русија врз Украина. Но, земјите се соочуваат со потенцијално вето за прием, од страна на Турција.

– Сметам дека сега е важно да се биде смирен. Важно е да имаме дискусии со Турција и останатите членки, да одговориме на прашања, што може да произлезат и да го поправиме секое несогласување, додаде Марин.

Премиерката на Шведска, Магдалена Андерсон, исто така истакна дека нејзината земја не сака трајни НАТО бази или нуклеарно оружје, на своја територија.

game bài sunwin tải sunwin apk tải sunwin apk

sunwin

sunwin club tải sunwin apk sunwin

sun win

tải sunwin