ФИТР и ПроКредит Банка потпишаа меморандум за соработка со кој обезбедуваат полесен пристап до финансирање на иновативните компании, најголем број услуги обезбедуваме за стартап компаниите

Главната придобивка ќе биде за компаниите тоа што банката ќе обезбеди дополнителна финансиска поддршка во делот на сопствено кофинансирање преку поповолни каматни стапки од редовните.

Олеснување ќе добијат и компаниите кои аплицирале но не им било одобрено кофинансирање од Фондот.

ДФИТР Коста Петров: Фактот што за само два месеци успеавме за компаниите, особено за стартапите да обезбедиме различни поволности преку трите најуспешни банки во државата е уште еден доказ дека во банкарскиот сектор имаме вистински партнери кои ги препознаваат квалитетните програми на ФИТР и иновативниот потенцијал на домашните компании.

Бизнис пакетот на ПроКредит Банка ќе вклучува најповолна каматна стапка на позитивно салдо на трансакциска сметка, пакет услуги вклучени во месечната провизија (сметка за кофинансирање, е-банкарство, MasterCard Business картички бесплатни за првата година, потврди-конфирмации за трети лица, издавање бонитет, доставување на информација до УЈП). Дополнително банката обезбедува и пониски провизии во рамките на домашниот и меѓународниот платен промет преку е-банкарство и кредитни продукти по преференцијална каматна стапка.

Милан Дамчевски, директор на бизнис филијала во ПроКредит Банка: Соработката со ФИТР ни овозможува да ја понудиме оваа поддршка на малите амбициозни и иновативни бизниси, кои имаат голем потенцијал за раст и развој и може значително да учествуваат во креирањето на БДП, зголемувањето на извозот и отворање на нови работни места.

Повеќе информации за пакетот https://www.pcb.mk/mk/startup

Link with us
Game bài đổi thưởng