ФИТР и Рош Македонија со нов хакатон за иновативни решенија во е-здравство

?На хакатонот „Е-решенија за подобро здравје со ФИТР и Рош“ ќе се бараат иновативни дигитални решенија за подобро управување со здравствениот систем, превенција, подобро менаџирање на високоризични групи на пациенти и намалување на ризикот од малигни заболувања. Избраните решенија ќе бидат целосно и бесплатно достапни до сите граѓани на Република Северна Македонија, најмалку во рок од една година по завршувањето на проектот.

?Вкупниот буџет изнесува 30 илјади евра, колку што е и максималниот износ за финансирање на поединечен предлог проект.

?На повикот на ФИТР можат да аплицираат трговски друштва или тимови кои се состојат од најмалку две и најмногу пет физички лица.

Врз база на доставените предлог-концепти, Комисијата за оценување и избор ќе направи претселекција на учесниците на хакатонот. Претселектираните учесници (предлог-концепти) од 25 до 27 јуни, 2021 година ќе бидат дел од 48-часовен онлајн хакатон, на кој со стручна поддршка од ФИТР, Рош Македонија, и Управата за електронско здравство, ќе изработат прототип или демо верзија на решението. По завршувањето на хакатонот, тимовите ќе ги презентираат своите решенија пред Комисијата, по што следува финална селекција и избор на победникот (победниците).

?Рокот за аплицирање е до 17.06.2021 до 14.00 часот. Хакатонот ќе се одржи онлајн од 25-27 јуни 2021 година.
Сите заинтересирани, можат да добијат дополнителни информации на:

https://fitr.mk/hakatonzdravstvo/

Link with us
Game bài đổi thưởng