Фондација Метаморфозис организира Дијалози за Дигитална агенда: Сè што сакавте да знаете за 5Г технологијата на 15 јуни 2021 од 10:00 – 11:30 преку ZOOM

Во рамки на проектот “Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ICEDA”, ко-финансиран од Европската Унија, Фондација Метаморфозис организира Дијалози за Дигитална агенда: Сè што сакавте да знаете за 5Г технологијата на 15 јуни 2021 од 10:00 – 11:30 преку ZOOM.

Покануваме новинари од вашата редакција да го проследат овој настан, преку влез со следниот линк: https://techsoupglobal.zoom.us/j/93036005590?pwd=SlZYdGQ5eEtYNk14S2RiZkpQZWU0Zz09

Дијалозите во форма на панел-дискусија се посветени на разбивање на митовите поврзани со 5Г технологијата со цел да се унапреди знаењето и подигне јавната свест за придобивките од користењето на истата, како и да се намали технофобијата во Северна Македонија.

Говорници на настанот кои ќе говорат на темата се:

г. Бардил Јашари, извршен директор на Фондација за интернет и општество Метаморфозис
Д-р Борис Арсов, Раководител на Сектор за телекомуникации, Агенција за електронски комуникации
г. Васко Најков, Директор на Сектор за пристапни мрежи, Македонски Телеком
Д-р Томислав Шуминоски, Доцент на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ)

Сите заинтересирани се поканети да ја пополнат регистрациската форма (https://forms.gle/AfwrGcUK34jGZ2LcA) каде што меѓу другото ќе можат и да ги постават своите прашања кои ќе бидат поставени на говорниците од дискусијата. Регистрираните учесници ќе добијат линк за влез во дискусијата, а настанот ќе биде емитуван и преку Facebook Live алатката на Facebook профилот на ИЦЕДА мрежата.
Проектот „Зголемување на граѓанското учество во Дигиталната агенда – ИЦЕДА“ е кофинансиран од Европската Унија и го спроведуваат Фондација Метаморфозис (Северна Македонија), Отворени податоци Косово (Косово), Академија за е-владеење (Естонија), Центар за истражување, транспарентност и отчетност – ЦРТА (Србија), НВО 35 ММ (Црна Гора) и Lëvizja MJAFT (Албанија).

Link with us
Game bài đổi thưởng