Со моите колеги на Клиниката за Неврохирургија успешно направивме операција на рбет кај млад пациент кој имаше големи здравствени проблеми и тегоби.
Попуштањето на дискусот кај пациентот го имаше нарушено неговото секојдневно функционирање. На моите колеги кои ми асистираа им благодарам за напорната и посветена работа со која го вративме квалитетот на животот на младиот пациент. На пациентот му посакувам многу здравје и што побрзо опоравување.
Тој сега може да се врати на нормалните животни и работни обврски.