(ФОТО) Околу 20 автомобили се испокршени во катната гаража позади Буњаковец

Околу 20 автомобили утринава се испокршени и уништени во катна гаража позади трговскиот центар „Буњаковец“, дознава „Фокус“.

Според фотографиите со кои располагаме, автомобилите во катната гаража се со скршени стакла, скршени предни и задни шофершајбни, уништени врати…

Се уште официјално не е позната причината – што точно се случило, но од Министерството за внатрешни работи за „Фокус“ го потврдија случајот.

„На 22.07 во 07.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во катна гаража во близина на трговски центар на подрачјето на Центар имало оштетено неколку возила. На лице место излезени полициски службеници и се работи на расчистување на случајот“. се наведува во одговорот од МВР.