(ФОТО) Прво со Радев, па со Заев: Макрон во акција да го тргне бугарското вето?

На една од фотографиите што ги испратија од прес-службата на Владата се гледа како Макрон и Заев разговараат, но за што, нема детали во владиното соопштение
Претходно, Макрон кусо разговараше со бугарскиот претседател Румен Радев, додека заедно одеа кон местото за заедничко фотографирање на лидерите на земјите членки на НАТО
По минатонеделната средба во Париз, францускиот претседател Емануел Макрон и премиерот Зоран Заев денеска повторно се сретнаа, но овој пат во Брисел, на Самитот на НАТО, каде нашата земја првпат учествува како полноправна членка.

На една од фотографиите што ги испратија од прес-службата на Владата, се гледа како Макрон и Заев разговараат, но за што, нема детали во владиното соопштение.

Но, она што е интересно во врска со оваа фотографија е што претходно Макрон кусо разговараше и со бугарскиот претседател Румен Радев, додека заедно одеа кон местото за заедничко фотографирање на лидерите на земјите членки на НАТО.

Нема детали ниту за овој разговор, но, имајќи предвид дека токму спорот со Бугарија е единствената пречка за почетокот на преговорите на С Македонија со ЕУ, може да се претпостави дека решението за отстранување на оваа пречка е можна тема.

Особено што Макрон минатата недела, за време на работната посета на македонската делегација во Париз, по повод 28 години од воспоставувањето дипломатски односи, на Заев му порача дека нашата земја заслужува да ги почне преговорите без одложување.

„Денес ве примам како сојузник во Париз, неколку дена пред Самитот на НАТО. Со полна поддршка на Франција, вашата земја станата членка на Алијансата, откако стави крај на разликите со Грција. Договорот од Преспа, кој вие го изработивте, драг Зоран, заедно со Алексис Ципрас, заслужува да се нарече историски. Вие покажавте голема политичка храброст за да успеете и да го убедите вашиот народ. Сакам да потсетам овде дека ништо не беше напишано однапред, вие го изградивте и го носевте со Алексис Ципрас и го зацврстивте“,

нагласи Макрон на прес-конференцијата пред Елисејската палата.

Дека ќе има средба со Радев во Брисел, потврди и премиерот Зоран Заев пред почетокот на Самитот, кој на новинарско прашање за оваа средба рече дека од разговорите може да се очекува само исчекор кон подобра иднина.

Link with us
Game bài đổi thưởng