Франција утре избира претседател – Макрон во првиот круг во тешка битка со Ле Пен

Во Франција утре ќе се одржи првиот круг од претседателските избори. Досегашниот претседател Емануел Макрон се обидува да освои втор мандат како претседател, додека како главен ривал на изборите му е радикално десничарската кандидатка Марин Ле Пен.

Податоците од анкетните истражувања што ги пренесува Ројтерс покажуваат дека изминативе недели се приближуваат рејтинзите на двајцата главни кандидати. На два дена пред изборниот ден, анкетите на 8 април велат дека Макрон ја има поддршката на 27 отсто од гласачите, додека граѓаните на анкетата ѝ даваат поддршка од 24 отсто на Ле Пен. Значителен раст на анкетите има и екстремно левичарскиот кандидат Жан-Лук Меленшон, кој има поддршка од 17 отсто на анкетите.

Од овие тројца кандидати на изборите се очекува двајца да влезат во вториот круг на претседателските избори, земајќи го во предвид фактот дека речиси е невозможно некој од кандидатите да освои 50 отсто од гласовите во првиот круг. Во случај на втор круг, анкетите покажуваат дека Макрон би добил 53 отсто од гласовите, додека Ле Пен 47 отсто.

Макрон веќе предупреди дека ништо не е невозможно, посочувајќи дека поддршката на Ле Пен се приближува до неговата. Притоа, Ерик Земур како уште порадикален кандидат на десницата во Франција, особено во делот на прашањето за имиграцијата, Би-би-си прогнозира дека тој ѝ овозможува на Марин Ле Пен да се профилира како поумерен кандидат во однос на него.

Вториот круг на претседателските избори треба да се одржи на 24 април, и тогашното прашање ќе биде кој-чија поддршка ќе добие од преостанатите кандидати што ќе добијат помал број гласови во првиот круг. Проблем во изборот на претседател во вториот круг е и што Валери Пекрес, кандидат на Социјалистичката партија, има скромни 8 отсто поддршка во првиот круг, што е идентична на процентот што го има Ерик Земур. Оттука, многу важно ќе биде како во вториот круг ќе се однесуваат гласачите од радикалната левица, чијшто кандидат Жан-Лук Меленшон најверојатно ќе заврши третопласиран во вториот круг.

Конечно, на утрешните избори анкетите очекуваат рекордно ниска излезност од граѓаните поради неубедливата предизборна кампања, пишува Ројтерс. Ова ќе значи дека најголема поддршка би можеле да добијат токму оние кандидати коишто имаат лојално гласачко тело што ќе се појави на изборните места за да гласа.

Link with us
Game bài đổi thưởng