ФРЧКО НАЦИОНАЛЕ: ВРЕМЕ Е ДА БАРАМЕ ДРУГИ ПАТЕКИ И ДРУГИ АРАНЖМАНИ НА ПАТОТ КОН БРИСЕЛ!

Македонија ако остане блокирана во пристапните преговори на подолг рок мора да најде алтернативи (не вон ЕУ туку кон ЕУ), што подразбира дека треба да се бори во договор со некои земји од ЕУ кон нас наклонети, за статус во меѓувреме кој ке нè приближи до де-факто членство со најмногу можни финансиски придобивки за нас од тој процес . Нешто од ‚‚грижата на совест‚‚ (иако такво нешто непостои во меѓународната пoлитика) може да проработи кон нас за добивање на таква позиција (чекајки го Годо или одмрзнувањето на пристапните преговори).
Критиката на таквата политика оди по логика дека ако ние покажеме волја и ориентација кон нешто помалку од полноправно членство, ќе им дадеме аргументи на противниците на проширувањето да ‚‚не откачат ‚‚ конечно (и тоа само нас за иронијата да биде поголема).

Но, од нешто мора да се живее во меѓувреме. Блокадата од Бугарија не ја прифакаме и стоиме во ред за (бла, бла добра воља преговори и сл.) полноправно членство, но во меѓувреме треба да се обидеме да ја превртиме ситуацијата во своја корист и да искористиме што може повеќе од финасиските придобивки бидувајќи ‚‚жртва на ЕУ‚‚ и нивните процедури и нормално и жртви на бруталноста на Бугарија . Тоа е возможна и остварлива цел за способна политика и дипломатија .

Во еден момент, ако блокадата стане трајна треба да ја ослободиме Албанија од колатерална жртва на нашот спор со Бугарија (иако тоа не зависи од нас сепак џентменски треба да го понудиме тоа) и мораме нашата судбина да ја изборуваме сами понатака (се случува колатералните жртви да почнат да ‚‚нè мраза ‚‚ нас и нашите проблеми од кои и они страдаат без причина).

Во политичката но и економска зона треба да се ориентираме уште повеќе кон присуството на Американците во Македонија. Не само преку НАТО туку и директно на сите можни начини. Треба да го операционализираме стратешкото партнерство на сите можни начини и со сета креативна енергија .

Конечно треба да им испратиме насмевка на Бугарите како кон лошите љубовници зависни од нивните мајки , кои во приватниот живот полека но сигурно стануваат социопати.

Љубомир Д. Фрчкоски

sun win sunwin đổi thưởng

tao go88 go88 tu dong đang nhap go88

sunwin nổ hũ sunwin