Фудбалерите од пет детски фудбалски клубови низ земјава и три основни училишта во Скопје добија 55 фудбалски топки, донација од Комерцијална Банка АД Скопје

Уште само два дена до првиот историски натпревар на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство ЕУРО 2020. Првиот настап на нашата држава на едно европско првенство никого не остава рамнодушен и возбудата доживува кулминација.

Комерцијална банка, како потврден пријател на македонскиот спорт, мисли и на младите фудбалери во земјава и на денот на почетокот на ЕУРО 2020 им приреди вистинско изненадување. Фудбалерите од пет детски фудбалски клубови низ земјава и три основни училишта во Скопје добија 55 фудбалски топки, донација од Банката, затоа што знаеме дека нивната најголема радост е топката.

Подароците ги наменивме за младите фудбалери на ФК Форца и ФК Беса Сарај од Скопје, ФК Куманово Еуроспорт, ФК Борец јуниор од Велес и ФК Гостивар. Со оваа донација Комерцијална банка ги потсети со целото срце да навиваат за македонската репрезентација и да останат посветени и истрајни во желбата да станат фудбалски ѕвезди.

Link with us
Game bài đổi thưởng