Габриел Бајрам ќе остане уште 30 дена во затворот во Шутка, судот се сомнева дека ако го пушти ќе избега

Габриел Бајрам, син на покојниот пратеник Амди Бајрам, доби нови 30 дена притвор. Тој останува во затворот „Скопје“ во Шутка, каде беше однесен пред една недела, дознава „Скопје1.мк“.

Тој е осомничен дека сторил насилство, а Обвинителството во Скопје смета дека може да избега и да биде недостапен за правосудните органи

Кривичниот суд смета дека ова е исправно и дека постојат основни сомневања кои го потврдуваат ставот на Обвинителството. Ова значи дека Бајрам ќе остане во притвор до септември.

Големо влијание на судската одлука за продолжување на притворот е тоа што Габриел Бајрам е осудуван. Тој и порано бил пријавуван за слични дела, но ги повторувал истите.

Габриел Бајрам е осомничен за насилство кое го сторил пред два дена на семејна веселба во ресторан на улица Словенечка. Насилниот советник барал тањири за да кршат гостите додека се веселат, но вработениот не му дозволил по што Бајрам фрлал шишиња и чаши кпн него. Во насилството му се придружил и синот Валентин кој исто така е осомничен.

„ Двајцата осомничени, на 28 јули, во угостителски објект на булеварот „Словенија“ во Скопје, додека биле на семејна роденденска прослава, извршиле грубо насилство врз едно лице. Оштетениот одбил на еден од присутните гости на прославата да му даде чинии за кршење. Во тој момент, осомничениот се упатил кон шанкот и со рака замавнал кон шишињата и чашите, фрлајќи ги кон лицето на оштетениот. Оштетениот успеал да се заштити со рацете, по што осомничениот започнал да го удира со боксови во пределот на главата. Кон ударите се придружил и неговиот син, а за цело време двајцата осомничени упатувале пцовки и закани кон нападнатото лице. Оштетениот се здобил со телесни повреди по главата и телото, додека насилството предизвикало чувство на несигурност, загрозување и страв кај други присутни сведоци на настанот“, соопштија од Обвинителството.