ГАЗИ БАБА: АСФАЛТИРАЊЕ НА УЛИЦА 2 ВО ТРУБАЕРЕВО

Откако претходно беше извршен приклучок кон фекалната мрежа на училишната зграда и спортската сала од ООУ „Крум Тошев“, пристапивме кон целосно асфалтирање на улицата 2 во Трубарево.

Извршено е подигнување и нивелирање на постојните шахти. Дополнително на улицата ќе бидат поставени успорувачи на брзината, нова вертикална и хоризонтална сигнализација.

Голема благодарност до граѓаните за разбирањето кое го имаа овие два дена додека улицата беше затворена за извршување на асфалтирањето.

Link with us
Game bài đổi thưởng