ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ: Денес од м-р Агрон Буџаку ја презедов должноста Директор на Центар за управување со кризи

Му благодарам нему но и на сите претходни директори како и на сите лица кои изминативе петнаесетина години работеле или работат овде и со својот труд изградиле сериозна институција подготвена да одговори на сите предизвици.

Се надевам дека и јас со мојот ангажман како прв човек на ЦУК, со подршка на многуте професионалци кои несомнено ги има овде, ќе ја продолжам традицијата на успешно раководење и функционирање на овој Центар, особено имајки во предвид дека во овој период нашата држава се наоѓа во сериозна здравствена криза предизвикана од пндемијата со Ковид 19.

Со почит,
Генерал Стојанче Ангелов