ГЕНЕРАЛ АНГЕЛОВ: Ранувањето и смртта на Александар Серафимов за мене се еден од најтажните и најболни настани од воената 2001

На денешен ден 2001-та како последица на тешките рани здобиени во мај истата година во борбите против УЧК во кумановското с. Матејче, на 20 годишна возраст, почина припадникот на специјалната полициска единица “Тигар” Александар Серафимов.

По тој повод денес пред неговиот споменик во градскиот парк во Свети Николе положив букет свежо цвеќе.
Ранувањето и смртта на Александар Серафимов за мене се еден од најтажните и најболни настани од воената 2001, и, иако во неколку наврати се обидов, сепак не успеав да ги запишам како сведоштво за еден тежок, суров, крвав период. Период полн со борби, страдања и пожртвуваност за татковината.

Нека му е вечна славата!