ГЕОРГИЕВСКИ: ЌЕ ГО РЕШИМЕ ПАРКИРАЊЕТО ВО АВТОКОМАНДА

Добив повеќе пораки од граѓани во населба Автокоманда, вознемирени од известувањата кои утрово биле оставени на нивните автомобили за отстранување со пајак на истите.
За да ги појасниме работите, НЕ станува збор за барање на општина Гази Баба, туку за барање поднесено од страна на претседател на урбана заедница Автокоманда до началникот на ЕВР – Гази Баба при СВР Скопје.

Општина Гази Баба, денес, за разлика од некое време претходно, сериозно работи за решавање на проблемот со паркирањето во населба Автокоманда. Подготвени се проекти за изградба на монтажни катни гаражи, како и нова студија за сообраќај во оваа населба.

Со студијата која набрзо ќе биде презентирана пред граѓаните на населбата Автокоманда предвидуваме воведување на нов еднонасочен режим, воведување на ЗОНА 30, уредување на сообраќајната хоризонтална и вертикална сигнализација, успорувачи на движењето пред училиштата и градинките и можност за нови паркиралишта.

Исто така повторно ќе биде презентиран проектот за изградба на монтажните гаражи, проект кој е подготвен, но за кои до општината пристигнаа неколку петиции за стопирање.

Link with us
Game bài đổi thưởng