ГЕРМАНЦИТЕ СИ ЈА ПОКАЖАА ПАК СВОЈАТА СЕБИЧНОСТ И ЗАБЕГАНОСТ КОЈА ЈА ВИДОВМЕ ЗА ВРЕМЕ НА ХИТЛЕР: ОДБИВААТ ДА И ПОМОГНАТ НА УКРАИНА ЗА ДА НЕ СИ ГИ ЗАГРОЗАТ СВОИТЕ ЕКОНОМСКИ ИНТЕРЕСИ ПОВРЗАНИ СО ЕФТИНИОТ РУСКИ ГАС

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба денеска ја обвини Германија дека го „охрабрува“ рускиот претседател Владимир Путин по одбивањето на Берлин да му достави оружје на Киев, кој стравува од руска инвазија.

Русија распореди десетици илјади војници на границата со Украина, поради што Западот се плаши дека подготвува инвазија.

Во тој контекст, САД, Велика Британија и балтичките земји најавија дека испраќаат оружје во Украина, поточно противвоздушни и противтенковски ракети.

Германија денеска соопшти дека во февруари ќе ѝ достави полска болница на Украина и ја отфрли идејата за испраќање на оружје.

Денес единството на Запад кон Русија е поважно од кога било. Германските партнери треба да престанат да го поткопуваат единството со такви зборови и дела и да го охрабрат Владимир Путин да започне нов напад врз Украина, напиша Кулеба на Твитер.

Тој додаде дека Украина ѝ е благодарна на Германија за веќе дадената поддршка, но оти сегашните изјави се разочарувачки.

Германија веќе ѝ испорача респиратори на Украина, а тешко ранетите украински војници се лекуваат во германските болници, изјави денеска германската министерка за одбрана Кристин Ламбрехт во интервју за „Ди Велт“.

Таа додаде дека испораката на оружје сега нема да придонесе за смирување на кризата.

Русија негира дека планира каков било напад, но за деескалација бара писмени гаранции за безбедност, вклучително и дека Украина нема да стане членка на НАТО.

sun win

sunwin

sunwin web sunwin club sunwin club

sunwin sunwin.apk mới nhất sunwin.apk mới nhất

sun win