ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМСКА МАШИНА МЕЛЕ СЕ ПРЕД СЕБЕ И ВО ВРЕМЕ НА ПАНДЕМИЈА – Германскиот министер за економија: Ни фалат 300.000 работници

На Германија ќе и треба зголемена имиграција за да се спречи сериозниот недостиг на работна сила што ќе ја поткопа продуктивноста и ќе ја загрози успешната енергетска транзиција, изјави денеска Роберт Хабек, министер за економија на најголемата европска економија.

-Имаме 300.000 слободни работни места. Очекувајте тоа да се зголеми на милион или повеќе, рече лидерот на Зелените Хабек на денешната прес-конференција.

Ако не ја пополниме таа дупка, ќе имаме реални проблеми со продуктивноста, додаде тој.

-Се разбира, тоа значи повеќе квалификувани работни места, обука и подобри можности за вработување и подобри можности за семејствата, но во Германија тоа секако значи зајакнување на имиграцијата во сите области – за инженери, занаетчии, негувателки. Сè уште тоа треба да го организираме, рече Хабек, вицеканцелар во коалициската влада предводена од социјалдемократот Олаф Шолц.

Германскиот економски институт проценува дека бројот на работници годинава ќе падне за повеќе од 300.000 поради пензионирање, пренесува Гардијан.

Се очекува во 2029 година бројот на работници да се намали за повеќе од 650.000, така што на пазарот на трудот во 2030 година ќе има недостиг од приближно пет милиони работници.

И покрај пандемијата со ковид-19 бројот на вработени Германци во 2021 година се зголеми до речиси 45 милиони.

По една деценија ниска стапка на наталитет, недостигот на работна сила е демографска темпирана бомба за германскиот пензиски систем што ќе треба да се финансира од сè помалку работници, додека бројот на пензионери кои живеат подолго се зголемува.

sunwin web game bài sunwin sunwin web

sunwin

sun win

tải sunwin sunwin tài xỉu sunwin

sunwin apk sunwin apk sunwin tài xỉu