Во петок, 25 ноември, подгответе се за еден поинаков Black Friday. Наместо ,,ловење’’ на попусти и неконтролирано трошење, традиционално веќе четврта година по ред, dm дрогерие маркт заедно со вас го бои последниот петок од ноември во розово и му дава ново филантропско значење – 5% од дневниот промет ќе биде дониран во ЈЗУ Универзитетска клиника за ендокринологија.
,,Giving is the new black’’ е слоганот под кој dm ја започна оваа иницијатива во 2019-та година, а нејзината цел е ,,Црниот петок’’ да не биде ден кога луѓето ќе бидат исклучиво заинтересирани за акции и попусти, туку за она што може да го направат за да им помогнат на оние на кои им е најпотребно. Изминатата година, благодарение на големиот одзив на купувачите, dm донираше 300.000 денари во националната мрежа против семејно насилство и насилство врз жените „Глас против насилство“.И оваа година нема да биде исклучок од хуманитарната активност во вашите омилени dm дрогерии затоа што во текот на празниците кои се ближат, честопати сѐ не потсеќа на важноста и убавината на подарувањето: внимание, време или вешто спакувани ситници. Тоа е и самата суштина на празниците – атмосферата на заедништво, топлина и споделување на радост. Воедно, тие се и прилика да се потсетиме на она што е навистина важно, а во текот на брзото секојдневие го забораваме.Затоа, без разлика дали четвртиот петок во ноември веднаш ве потсетува на Black Friday и огромните гужви ширум продавниците – овогодинешниот убаво обележете го во вашиот календар затоа што со секое ваше пазарување во некоја од 22-те дрогерии на dm, му давате ново значење на шопингот и сте дел од еден неверојатен хуман гест!