Голема експлозија во главниот град на Ерменија, најмалку еден загинат (ВИДЕО)

На социјалните мрежи кружат снимки од експлозија во трговски центар во Ереван, главниот град на Ерменија.

Nexta јавува дека ерменското Министерство за вонредни ситуации го потврдило настанот и дека според прелиминарните информации има жртви.

Ерменските медиуми јавуваат дека едно лице загинало, а 20 се повредени. Се стравува дека под урнатините има затрупани луѓе.

Наводно, во трговскиот центар во Ереван експлодирал магацин со пиротехнички средства.

Луѓе се затрупани под урнатините.

Риа Новости пренесува дека очевидци тврдат дека по една силна експлозија се слушнале многу помали експлозии, како да имало огномет.

Link with us
Game bài đổi thưởng