ГОРАН МИЛЕВСКИ: На 8-мата седница на Владата, меѓудругото, утврдени се законските измени за реализација на мерката „Викенд без ДДВ“ која е и дел од програмските ветувања на ЛДП

На денешната седница, на предлог на Министерството за финансии утврден е Предлог – законот за изменување и дополнувањe на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица.

Со измената и дополнувањето на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица за време на вонредна состојба (објавен во „Службен весник на Република Северна Македонија“ бр. 133 од 28.06.2019 година) се создава можност физичките лица кои се пријавени и се корисници на апликативниот софтвер на Управата за јавни приходи преку која се пријавуваат фискалните сметки, со цел враќање на ДДВ-то за фискалните сметки издадени на 10,11 и 12 октомври да им се врати целиот износ на данокот на додадена вредност.

Заради поттикнување на прометот на домашни производи и услуги како заради зголемена дигитализација на нашето општество враќањето на целиот износ на ДДВ-то ќе се однесува за прометот на домашни производи и услуги како и за компјутерска опрема кој не надминува 30 000 денари по лице за сите фискални сметки издадени на 10,11 и 12 октомври 2020 година.