ГОРАН МИСОВСКИ КРВАВЕШЕ СО ЗАЕВ НА 27-МИ АПРИЛ ВО СОБРАНИЕ, СЕ РАБОТИ ЗА ХРАБАР И СПОСОБЕН ПОЛИТИЧАР, ЌЕ БИДЕ ОДЛИЧЕН ЛИДЕР НА НСДП: ТОЈ ДЕНЕСКА ВО БИТОЛА ЈА ПРЕТСТАВИ КАНДИДАТУРАТА ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПАРТИЈАТА И НЕГОВАТА ПРОГРАМА 2022-2026

Вчера во Битола единствениот кандидат за претседател на НСДП, Горан Мисовски ја претстави кандидатурата за претседател на НСДП, пред присутните раководствата од општинските организации на НСДП од изборните единици 4 и 5, од Битола, Прилеп, Охрид, Кавадарци, Кичево, Могила и други.
Мисовски се обрати пред присутните истакнувајќи ги причините и мотивите за кандидатурата за претседател на партијата, уважувајќи ја огромната поддршка од членството, од раководствата на општинските организации и најголемиот број на номинации, кандидатури за претседател на НСДП.
Истакна дека Петтиот Конгрес на НСДП е клучен за иднината на партијата, за курсот кој ќе го има НСДП и нејзиното позиционирање на македонската политичка сцена.

НСДП модерна, интегрирана, партија со зајакната партиска инфраструктура, отворена и транспатентна партија, која ќе води политики од државен интерес, со јасно дефинирани стратешки цели за целните групи кои ги застапува и секако партија која силно ќе се залага за европеизација и модернизација на општеството.

НСДП јасно идеолошки профилирана, со свои афтентични политики кои ќе бидат препознатливи и понудени на јавноста и на партнерите од коалицијата. НСДП ја гледа како лојален и стабилен партнер во владеачкото мнозинство, со свој печат во сите политики за подобрување на животот на граѓаните.

НСДП – партија која ќе биде во директен контакт со граѓаните, која ќе ги слуша сугестиите, предлозите и ќе ги преточува во конкретни политики на локално и на државно ниво.
НСДП – партија која седниците на органите ќе ги држи низ градовите во државата, сакајќи да се доближи до секој граѓанин, да ги слушне и синдикатите, невладините организации и претставниците на приватниот сектор.
Мисовски најави дека до крајот на годината НСДП за првпат од формирањето ќе одржи Тематски конгрес за пишување на стратешките приоритети на партијата, преточени во конгресни документи, а конгресот ќе биде завршница на теренските активности на НСДП и конституирањето на сите организациони форми на партијата.

На средбата интерактивно беа поставувани прашања од присутните на кои директно одговараше кандидатот за претседател Мисовски, а јасна и недвосмислена поддршка му изразија Соња Мираковска, Мики Милковски, Драги Крстев, Гордана Кожуваровска, Зоран Георгиев, Благоја Гроздановски кои преку свои обраќања ги образложија причините зошто стојат зад Горан Мисовски, единствен кандидат за претседател на НСДП.

Мисовски покажа храброст и доблест да не бега на 27-ми април и застана рамо до рамо со Заев и беше спремен да загине за да падне режимот, браво за тоа, ќе биде одличен лидер на НСДП.