Горан Пандев: Новинари на платен список не смеат да ми се јават, се полнат џебови со изградба на трибини

Најуспешниот македонски фудбалер Горан Пандев повторно упати остри критики кон раководството на Фудбалската федерација на Македонија предводена од Муамед Сејдини.

Во емисијата „Студио10“ на ТВ24 поранешниот македонски репрезентативец рече дека ФФМ наместо терени, гради трибини за, како што вели, „некој да си ги полни џебовите“.

– Во македонскиот фудбал работат најаметарските луѓе и се игра на аматерски терени, гледате на каква инфраструктура се игра, тоа се гледа, градат трибини, прават проекти за лични интереси за да си полнат џебови, Додека така размислуваме, никој пат ќе немаме фудбал во Македонија, рече новиот фудбалер на Парма, клубот кој настапува во Серија Б.

Пандев не е во добри односи со раководството на ФФМ уште од Европското првенство изминатото лето, каде што македонската репрезентација за прв пат во својата историја обезбеди пласман на едно големо натпреварување. Тој вели дека секогаш е отворен за медиумите, но спортските новинари не му се јавуваат затоа што нивните медиуми добиваат финансиска помош од федерацијата.

– Едно интервју не можќат да побарааат, немаат храброст, бидејќи се на платен список на ФФМ, искоментира поранешниот фудбалер на Интер и Лацио.

Особено е огорчен затоа што не биле доделени признанија за 2021.

– Не ме изненадува ништо од таа федерација, од луѓе што немаат ништо постигнато во животот. Не мораше на мене да ми ја доделат наградата, тоа се одржува секоја година, а особено таа година беше најуспешна за нас, а луѓето немаа волја за тоа. Тие живееат во некои други времиња и лечат комплекси, смета Пандев.

За да има позитивно промени, вели тој, прво треба да дојдат нови луѓе во федерацијата.

– Кај младите категории децата треба да се чувствуваат дека чесно се избрани да играат, а не да знаат дека татко им овозможил да влезе во селекцијата. Децата напредуваат до 14-15 години, понатаму повеќе не може да напредуваат. Потоа одат во Србија, Турција или втора грчка лига, вели Пандев.

sunwin club sunwin.apk mới nhất sunwin.apk mới nhất

tải sunwin

sun win

game sunwin sunwin web sunwin tài xỉu

sunwin