ГОРАН СДК: Тие како Данела имаат резервна татковина, тие дење ни продаваат патриотизам и македонштина, а преку ноќ си ги предадоа своите баби и дедовци пеејќи им бугарски песни на службениците на Каракачанов

Како што избраните функционери декларираат во Антикорупциска комисија со колку пари во банка и имот влегуваат во политиката, така и кога се кандидираат за јавна функција нека декларираат во ДИК со колку државјанства влегуваат во политиката. Тоа е најмалку што може да се направи, за во иднина двојното државјанство да не биде тема во политичка кампања. А би било корисно и за политичките партии да знаат кого кандидираат и кого поддржуваат.

Некому можеби прашањето за двојното државјанство на пратениците, министрите, градоначалниците, советниците и сите избрани функционери им пречи. Некому му е сеедно. Некој можеби баш двојното државјанство на јавниот функционер ќе го прифати како предност. Ама, во секој случај, корисно е да си го имаме како информација пред да излеземе да гласаме.

Не сметам дека политичарите мора да се откажат од странското државјанство ако сакаат да вршат јавна функција, како што е случај во други држави. Ама, како гласач многу сакам да знам дали таа или тој што бараат моја поддршка за да носат одлуки во мое име, покрај мојата татковина имаат и своја, резервна татковина. Тоа веќе не е приватна работа. Кога си функционер, и прашањето колку пасоши имаш дома станува јавен интерес. Оти, им ги даваме на управување јавните пари. Ако нè испокрадат, ќе си избегаат во другата дома.

Нема тука лутиш, никаква „црна пропаганда“, национализам… Сакам како гласач да направам објективна проценка за ликот што ми ветува дека ќе направи нешто за мене, со моите пари, во мојот град и во мојата држава. Толку е едноставно.

Особено чувствително за гласачите, а богами и за партиите е кога некој кандидат за јавна функција покрај македонското би имал и бугарско државјанство. Особено сега, кога последните две години Бугарија самата се декларираше дека ни е непријател и покрај потпишаниот Договор за добрососедство и пријателство. Оти, не само што ја блокира европската иднина на Македонија, туку го негира постоењето Македонци и македонски јазик. А бугарските пасоши што ги исподели на тукашните Македонци ги користи како најмоќно оружје против Македонија. И допрва ќе го користи.

Можеме ние колку сакаме да се ставаме над ситуацијата и да мудруваме за принципи и за законитост. Ама, ај да ги ставиме работите во контекст. Не е срамота да имаш бугарско државјанство. Ама, има разлика во перцепцијата за јавната функција што треба да ја врши некој кому втората татковина му е Бугарија – земјата што во овој политички момент ѝ е душман на Македонија. Да не излезе после вистина шегата дека со пушка сме избркале, а со пенкало сме вратиле „бугарска администрација“.

Притоа, не правам муабет за тие што се понижуваа во редиците пред бугарската амбасада во Скопје и конзулатот во Битола и собираа пари за мито да дојдат до бугарскиот пасош на ЕУ за да работат во Германија, Шведска, Холандија, Италија… Бегале од сиромаштија. Тие не живеат во Петрич и не се кандидираат на избори во Македонија. Зборувам за овие што како функционери ни продаваат патриотизам и македонштина, а преку ноќ си ги предадоа своите баби и дедовци пеејќи им бугарски песни на службениците на Каракачанов.

Целата колумна на Горан Михајловски на СДК.мк

game bài sunwin tải sunwin apk sunwin tài xỉu

sun win

sunwin web game bài sunwin sunwin web

tải sunwin

tải sunwin game bài sunwin tải sunwin apk