ГОШАРЕВСКИ: Изминатите 4 години во Ресен вредно и напорно се работеше, со силна поддршка од централната власт

Почитувани сограѓани,
каква ни е општината, таков ни е животот!

✅ Изминатите 4 години вредно и напорно се работеше, со силна поддршка од централната власт.
✅ Таа силна динамика мора да продолжи. Никој не смее да ги кочи проектите на општините.
✅ Бидејќи од проектите зависи квалитетот на животот на нашиот народ.
✅ Најдобрите проекти носат развој, а развојот носи подобар живот.

?Надградба и модернизација на централинот водоводен систем
Продолжуваме да го решаваме едно од најгорливите прашања за жителите на Општина Ресен. Следни активности кои ќе се превземат во врска со ова прашање се поставување на современа мониторинг опрема за намалување на загубите на вода, обезбедување на дополнителни количини на вода, реконструкција, осовременување и проширување на водоводната мрежа.
?Изградба на канализација и прочестителни станици во населените места на брегот на Преспанското езеро
Неможеме да ја замислиме заштитата на Преспанското Езеро доколку не се изградат канализационен систем и пречистителни станици во сите населени места на брегот на езерото. Овој комплексен проект е од врвна и приоритетна важност за мојот следен мандат.
?Целосна реконструкција на основното општинско училиште Мите Богоевски во Ресен. Грижата за учениците останува врвен приоритет и во вториот мандат. Со ова решаваме еден долгогодишен проблем во најголемото основно училиште. Овој проект опфаќа целосна реконструкција и нови санитарни јазли во зградата на централното општинско основно училиште „Мите Богоевски“.
?Нова атмосферска канализација и реконструкција на улиците Кочо Рацин, Илинденска и Михајло Бочкаровски
Со исто темпо и во наредниот мандат продолжуваме со активности околу реконструкција и модернизација на улиците во централното и поширокото градско подрачје. Во наредниот период ќе се реконструираат и ќе добијат нова атмосферска канализација улиците Кочо Рацин, Илинденска и Михајло Бочкаровски.
? Катна гаража и воведување на зонско паркирање во градот.
Тоа што го започнавме во претходниот мандат, продолжуваме да го реализираме и сега. Ставаме крај на автомобилскиот хаос со обезбедување на дополнителни паркинг места и воведување на зонско паркирање на градот.

sun win

sun win

sunwin.apk mới nhất sunwin club sunwin web

tải sunwin

game sunwin game bài sunwin tải sunwin apk