ГОСПОДЕ МИЛИ БОЖЕ, НИКОЛОВСКИ ГИ БРАНИ ГРУЕВСКИ, МИЈАЛКОВ И ЈАНАКИЕВСКИ КОИ ЗАЕДНО ИМААТ ПРАВОСИЛНИ 100 ГОДИНИ РОБИЈА А ГИ ЧЕКА УШТЕ 200: ПРЕТХОДНАТА ВЛАСТ БЕШЕ ДВА ПАТИ ПОЧЕСНА И ПОДОБРА ОД ОВАА?!?!

Николоски: Основна причина зошто луѓето се иселуваат е корупцијата, пред да дојде СДСМ на власт бевме на 60 место, сега сме на 111 место според перцепцијата на корупција

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски во своето гостување во емисијата ,,Што не е јасно” на Алфа телевизија говореше за корупцијата која е широко распространета во Македонија и го јаде општеството, а својот максимум го достигнала со овие влади на Заев.

– Пред да дојде Заев на власт, Македонија според Индексот за перцепција корупцијата беше рангирана на 60-то место, јас би сакал да беше и на 30-то, но беше на 60-то, со Зоран Заев стигна на 111-тото место. Така што, условно кажано дуплирање ама надолу, во корупција, движење кон дното во друштво на афрички држави е нешто што јасно го отсликува она што сите ние го гледаме а тоа е дека системот е скапан од корупција и дека сите се корумпирани, од најниско до највисоко. Од обичен шалтерски службеник до премиер сите се корумпирани. И овие кои се долу, си велат штом премиерот и министрите можат да бидат корумпирани, ќе се корумпираме и ние и така се корумпира системот. Ако вие ја следите корупцијата на високо ниво, тогаш и надолу тоа однесување се спушта, ако вие на највисоко ниво имате корупција, тогаш исто така тоа се спушта надолу ама во негатива, односно корупцијата го јаде системот. И во такви услови, мислам дека треба малку поактивно со ова истражните органи. Јас сум свесен дека сега се под сериозен политички притисок но после промената на власта, мора сериозно да се отворат сите тие корупциски афери кои што се изнесени во јавноста. – рече Николоски.

Николоски додаде дека тоа мора да се направи не заради политичка пресметка или пресметка со политичкиот противник, туку поради тоа што мора еднаш да се стави крај на корупцијата и не само во институциите кои се под владата, туку мора сериозно да се отворат и останатите институции како што се случувањата во судството, обвинителството, локалната самоуправа, бизнис секторот, да се види што се прави царината, во останатите институции и системски прво да се исчисти и потоа да се изнаоѓаат решенија кои нема да доведат кон повторување на истите проблеми.

– Основна причина зошто луѓето се иселуваат е корупцијата. Јас познавам многумина, релативно добро ситуирани за македонски услови, пристојно семејство, заминуваат од државата не од финансиски причини, туку како што велат дека децата немаат иднина и нема ред во државава. А нема ред во државата затоа што за основна услуга да добијат треба да платат. Што ми рече еден пријател, разликата помеѓу корупцијата на Запад и корупцијата на Балканот е што на Запад се корумпираат одредени службеници за да го прекршат законот и затоа лесно ги фаќаат, а на Балканот се корумпираат службениците за да го спроведат законот. Тоа е клучната разлика, ние мора да се стремиме кон тоа да законот во Македонија се спроведува а не тоа спроведување на законот да е привилегија за тие кои што имаат да платат и да ги корумпираат тие кои треба да го спроведат законот. Македонија има добри закони, проблем е што тие закони се селективни, не се применуваат за сите и тоа е изворот на корупцијата – додаде Николоски.

tải sunwin

tải sunwin sunwin web sunwin tài xỉu

sun win

sunwin web

tải sunwin